Дома Фудбал Италија „Плачеше како мало дете кога дозна за Марадона, а две недели подоцна не напушти и тој“

„Плачеше како мало дете кога дозна за Марадона, а две недели подоцна не напушти и тој“

Легендарниот фудбалер Паоло Роси почина минатата недела на 65 години.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Роси беше херој на репрезентацијата на Италија на Мундијалот во 1982 година кога „Аѕурите“ станаа светски шампиони. На тој турнир Роси играше фантастично и беше еден од најзаслужните што Италија ја освои титулата.

Поминаа седум дена откако тој почина, а неговата сопруга Федерика Каплети откри дека само две недели пред смртта Роси бил тешко погоден од смртта на Диего Марадона.

Марадона и Роси играа еден против друг во Серија А и добро се познаваа. Заминувањето на еден од најголемите на сите времиња Роси тешко го прифатил, само две недели подоцна почина и тој.

„Кога Паоло дозна дека Марадона починал плачеше како мало дете. Не можевме да го смириме, само две недели подоцна и тој нас не напушти“, изјави Федерика за италијанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …