Дома Фудбал Останато Халанд: Мој сон е да ја освојам ЛШ, Ибрахимовиќ и Роналдо се двајца феномени

Халанд: Мој сон е да ја освојам ЛШ, Ибрахимовиќ и Роналдо се двајца феномени

Кристиано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ се идолите на Ерлинг Халанд и негов сон е да ја освои Лигата на шампионите.

Напаѓачот на Борусија Дортмунд игра одлично оваа сезона и постигна 17 голови на 14 натпревари во сите натпреварувања. Сега Халанд откри негови примери се Роналдо и Ибра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Двајцата се вистински феномени. Се воодушевував кога ги гледав на ТВ. Тие се примери за мене и не само за мене, нив треба да ги следат сите млади фудбалери. Неверојатно е како играат на таков начин на толку години“, изјави Халанд.

Најголемиот сон на Халанд е да ја освои ЛШ.

„Мојот најголем сон е да ја освојам Лигата на шампионите. Сакам да победувам и освојувам трофеи со Дортмунд. Баерн во овој момент најдобра екипа на светот и ние мораме да пронајдеме начин да го кренеме нашето ниво на игра и да бидеме подобри“, порача норвешкиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед купи голман кој има страшна статистика (Фото)

Манчестер јунајтед во самиот финиш од преодниот рок реши да ја зацврсти најосетливата пози…