Дома Фудбал Останато Како Анчелоти го натерал Роналдо од крило да игра шпиц

Како Анчелоти го натерал Роналдо од крило да игра шпиц

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти своевремено го одведе Реал Мадрид до 10-тата титула шампион на Европа, но тој период бил и од значително значење за кариерата на петкратниот освојувач на „Златната топка“ – Кристиано Роналдо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во тој период кон крајот на сезоната 2013/2014 Португалецот ја промени позицијата и почна да игра во срцето на нападот за тоа за „Гоал“ зборуваше тогашниот асистент на Анчелоти, Пол Клемент.

„Кога стигнавме во тимот Роналдо понекогаш веќе играше „деветка“, но Карло дојде до идеја тоа да му биде стандардна позиција. Се одлучи на тој потег за Роналдо да не мора цело време да го следи бекот. Роналдо разговараше со Карло и бараше да игра како крило, па тогаш се договорија за нешто измеѓу. Роналдо доби задача да шутира, центрира и да испраќа клучни топки“. На крајот Карло само му кажа: „Важно ни е само да ти биде пријатно. Тоа е само еден пример како Карло комуницира со големите играчи. Не сакаше да му каже на Роналдо: „Од денес си шпиц!“ Сакаше да го задржи хармоничниот однос со Португалецот“.

„Целиот систем моравме да го прилагодиме на таа промена. Секогаш си го повторувам она што во една прилика ми го кажа Карло: „Кога го имате Роналдо вие веќе водите 1:0“. Станува збор за еден фантастичен и апсолутно дисциплиниран човек кој посветува внимание буквално на се“, раскажа тогашниот помошник на Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Шпанија немаат дилеми, знаат и кога ќе биде промоцијата на Мурињо!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо е повторно во центарот на вниманието на шпанските медиуми…