Дома Фудбал Лига на шампиони Куман ја откри причината поради која Гризман не го започна натпреварот во Киев

Куман ја откри причината поради која Гризман не го започна натпреварот во Киев

Антоан Гризман после гостувањето во емисијата „Универзо Валдано“ стана главна спортска тема во Шпанија. После тоа гостување, заврши на клупата на Барселона во натпреварот од 4 коло. во ЛШ против Динамо Киев.

Во второто полувреме влезе во игра и постина гол а 4:0, но тамошните медиуми веднаш ги поврзаа работите и објавија дека тоа е направено поради тоа што зборувал за односот со првата ѕвезда на екипата Лео Меси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, тренерот на Барселона, Роналд Куман тврди дека одлуката да го остави напаѓачот на клупата нема никаква врска со интервјуто во кое зборувал за меѓусебниот однос со Меси.

„Беше на клупата исклучиво поради проблеми со кондицијата, па сакавме да бидеме внимателни. Клучно е да се одморат некои фудбалери и да им дадеме шанса на оние кои работат напорно, а до сега играле многу малку.“ – рече Куман и додаде:

„Го следам Гризман како работи откако дојдов во клубот. Тој секогаш дава се од себе за клубот. Штета што немаше среќа да постигне повеќе голови, а тоа може да се промени само со напорна работа, а тој тоа упорно го работи.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…