Дома Трансфер зона Баерн не го пушта Алаба во јануари, донесена конечна одлука за Австриецот

Баерн не го пушта Алаба во јануари, донесена конечна одлука за Австриецот

Дави Алаба и раководството на Баерн безуспешно преговараа во претходните месеци за нов договор.

Австрискиот фудбалер не се согласи на платата која му ја нудеше Баерн која според некои информации со бонуси изнесувала дури 19 милиони евра. Алаба барал повеќе. Тој и неговиот агнет Пини Захави инсистирале платата да биде 25 милиони евра, Баерн не се согласил на такову слов.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради ова постоеа шпекулации дека Алаба ќе го напушти Баерн во јануари за одредена сума, меѓутоа во Минхен донеле поинаква одлука.

Како што објави „Билд“ раководството на клубот одржало состанок и одлучено е дека тие неколку милиони во јануари не би одиграле некоја улога. Затоа Алаба ќе остане во Баерн до крајот на сезоната и на лето ќе си замине како слободен играч.

Инаку, Алаба комплетната кариера ја помина во Баерн и настапи на 396 натпревари за првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …