Дома Трансфер зона Нестор пред заминување од Удинезе: Четири клуба се можни опции

Нестор пред заминување од Удинезе: Четири клуба се можни опции

Репрезентативецот на Македонија Илија Несторовски повторно се поврзува со заминување од Удинезе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според она што се пишува на Апенините голем интерес за Несторовски имаат клубовите од Серија Б, најсериозни се Бреша, Монца и Спал. Но освои овие тимови името на македонскиот напаѓач се поврзува и со Специја која се натпреварува со Серија А.

Бреша и Монца уште во текот на летниот преоден рок се споменуваа како опции за Нестор меѓутоа на крајот не дојде до сериозни преговори. Меѓутоа во јануарскиот преоден рок работите можат да биде поинаку.

Несторовски има само три настапи за Удинезе и малку минути, па затоа опцијата за трансфер или за позајмица е отворена.

Ќе потсетиме, Несторовски во Удинезе дојде минатото лето како слободен играч откако неговиот Палермо банкротираше. Со Палермо Нестор играше две сезони во Серија Б и една во Серија А, имаше и далеку подобар голгетерски ефект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…