Шпанскиот фудбалер, Алваро Арбелоа, одлучи да ја заврши својата фудбалска кариера.
Досегашниот фудбалер на Вест Хем, легендата на Реал Мадрид и поранешниот ас на Ливерпул на 34 години стави се повлече од професионалното играње фудбал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дојде време да кажам збогум. Физички и понатаму чуствувам дека можам да играм, но не сакам“, изјави Арбелоа.
Арбелоа кариерата ја започна во Реал Мадрид, но во шпанскиот гигант не блесна во својот прв мандат. Тој три сезони помина во Ливерпул по што во 2009 година се врати во Ливерпул.
За Реал одигра 233 натпревари и постигна шест погодоци, а освои две титули во Лигата на шампионите и една во шпанската Примера.
Со репрезентацијата на Шпанија, триумфираше на СП во 2010 и освои две Европски првенства во 2008 и 2012 година.