Рома и Манчестер Јунајтед веќе подолго време преговараат за трансферот на Крис Смилинг и се чини дека конечно најдоа заеднички јазик.
Смолинг минатата сезона ја помина на позајмица на „Олимпико“ и се врати на „Олд Трафорд“ бидејќи двата клуба не можеа да се договорат околу отштетата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Смолинг инсистира да се врати во Рома и веќе има договор со „волчицата“, а последните информации говорат дека двата клуба конечно постигнале договор.
Манчестер Јунајтед ја прифати последната понуда на Рома од 15 милиони евра и Смолинг е на пат за Италија за да го комплетира трансферот со „волчицата“.
#Roma–#Smalling: ci siamo davvero. L'inglese atteso in serata https://t.co/hCqx81ayAp pic.twitter.com/xyiki0JmGr
— calciomercato.com (@cmdotcom) October 5, 2020