Малкумина очекуваа дека кариерата на Ренато Санчез ќе оди надолу откако минатото лето направи голем трансфер од Бенфика во Баерн.
Санчез со Португалија го освои Европското првенство во Франција, а потоа се приклучи во Баерн за кого минатата сезона одигра само 17 натпревари во Бундеслигата. Тоа не е лошо за некој кој има 19 години, но проблемот е тоа што многу повеќе играше во есента, отколку во пролетниот дел од сезоната. Освен тоа, младиот Португалец се уште чека на првиот гол во дресот на Баерн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Санчез на крајот падна во вториот план, а тоа се одрази и на неговиот статус во репрезентацијата. Младата ѕвезда на Баерн не беше на списокот за Купот на Конфедерациите, на кого Португалија во моментов настапува, но затоа е член на младата репрезентација која игра на Европското првенство во Полска.
Меѓутоа, Ренато Санчез не беше во првиот состав на Португалија на натпреварот против Србија (2:0) во 1. коло, а во игра влезе во 59. минута наместо Карвахал.
Што точно ќе се случува со Санчез тешко е да се каже, но останува да видиме дали во новата сезона ќе ги оправда парите вложени во него. Потсетуваме, Баерн на Бенфика и плати неверојатни 35 милиони евра, што е еден од најголемите трансфери во историјата на познатиот клуб од Минхен.