Дома Трансфер зона Пропаднаа преговорите помеѓу Рома и Јунајтед

Пропаднаа преговорите помеѓу Рома и Јунајтед

Преговорите помеѓу Рома и Манчестер Јунајтед за трансфер на Смолинг се пред пропаѓање, пренесуваат медиумите во Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес преставници на двата клуба имаа средба, но „црвените ѓаволи“ ја одбија последната понуда од 16 милиони евра за потписот на Смолинг.

После оваа средба преговорите се пред пропаѓање, бидејќи Рома не сака да понуди повеќе пари и ќе се сврти кон други дефанзивци.

Смолинг минатата сезона играше како позајмен фудбалер во Рома и инсистира да се врати на „Олимпико“, но Јунајтед не сака да го пушти за помалку од 20 милиони евра.

Трансфер пазарот завршува во понеделник, но после денешната средба постои песимизам дека може трансферот да биде договорен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…