Барселона во своите редови има голем талент и свесна е за тоа. Ансу Фати неодамна блескаше против Украина во Лигата на Нации и стана најмлад стрелец во репрезентацијата на Шпанија рушејќи го рекордот стар 95 години.
Ова лето на „Камп Ноу“ пристигнала понуда од 150 милиони евра за играчот кој нема ниту цели 18 години. Барселона таа понуда ја одбила без никакви намери да влегува во дополнителни преговори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Понудата била донесена од Жорж Мендеш. Прецизно, таа гласела 125 милиони евра фиксно и 25 преку бонуси. Името на клубот кој ја испратил оваа понуда останало тајна за медиумите. Се шпекулира дека станува збор за Манчестер Јунајтед кој се поврзуваше со Фати и претходно.
Таа понуда експресно била одбиена и тоа е доказ дека Барселона верува во Фати. Репрезентативецот на Шпанија беше промовиран во првиот тим и го доби дресот со број 22, а покрај тоа неговата клазула од 170 милиони евра беше покачена 400 милиони евра. Неодамна беше потпишан и нов договор со кој Фати е „врзан“ со Барселона до 2024 година.