Раководството на Интер е спремно да се раздели со дефанзивецот Милан Скриниар ова лето, пренесува новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Скира.
25-годишниот Скриниар оваа сезона не блеска во формација со тројца дефанзивци и ставен е на трансфер листата со цел Интер да собере пари за нови засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за дефанзивецот покажува ПСЖ, но „светците“ не се спремни да платат 50 милиони евра колку што бараат „нероаѕурите“.
ПСЖ во Скриниар гледа идеална замена за Тиаго Силва и е спремен да понуди 20-30 милиони евра, плус потписот на Леандро Паредес.