Дома Трансфер зона Веќе пристигнала понуда за Пике и тоа од повратникот во Премиер лигата!?

Веќе пристигнала понуда за Пике и тоа од повратникот во Премиер лигата!?

Во Барселона ова лето се очекуваат промени откако клубот доживеа катастрофа во Лигата на шампионите.

Барса сезоната ја заврши без освоен трофеј, а најголемата бламажа ја доживеаа во четвртфиналето од Лигата на шампионите во кое Баерн ги победи со 8:2. Челниците на клубот најавија големи промени во играчкиот кадар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Помеѓу фудбалерите кои се на трансфер листата е и Жерар Пике кој веќе 10 години е стандарден првотимец. Пике летото 2008 година дојде во Барселона од Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа веќе некое време навивачите не се задоволни од неговите настапи и се најавува негово заминување после 12 години. Медиумите во Шпанија денес објавија и дека пристигнала понуда за Шпанецот.

Како што објави каталонскиот „Спорт“ на адреса на Барселона за Пике пристигнала понуда од Фулам што е изненадување. Се уште не е познато колкава сума понудил повратникот во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…