Дома Фудбал Италија Лацио сериозно се подготвува за следната сезона, а тоа го покажува листата на засилувања

Лацио сериозно се подготвува за следната сезона, а тоа го покажува листата на засилувања

Римски Лацио сериозно се подготвува за новата сезона.

Небесносините во претходната беа многу блиску до Јувентус, но паднаа во продолжение од сезоната и на крајот завршија на четвртото место.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, за следната имаат големи амбиции, а за тоа зборува листата на засилувања кои ќе се обидат да ги донесат.

Најголемото име секако е Давид Силва, а покрај него желби се уште Ведат Муриќи (Фенербахче), Борха Мајорал (Реал Мадрид) и напаѓачот на Астон Вила, Весли.

Весли и претходната сезона се поврзуваше со Лацио, но на крајот одлучи да замине во Англија, каде до повредата играше во добра форма.

Сега ќе има шанса да ја прифати понудата на римскиот клуб. Останува да видиме дали тоа ќе го направи, како и останатите потенцијални засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси по потрошени 700 милиони евра за три години конечно најде „деветка“!

Од кога Американците се сопственици на Челси, потрошиле 700 милиони евра исклучиво на напа…