Дома Фудбал Италија Интер подготви понуда за Меси која ќе го „здрма“ светот

Интер подготви понуда за Меси која ќе го „здрма“ светот

Веќе неколку години се шпекулира дека Лео Меси е голема желба на Интер.

Сепак, Меси секогаш ги одбивал понудите и остана во Барселона, што за него беше најдобар можен потег. Но, неговиот договор со Каталонците истекува следното лето и се повеќе се пишува дека сака да замине.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меси не е во добри односи со челниците на Барса бидејќи е незадоволен од нивната работа, а токму поради тоа одбива да потпише нов договор. Оваа ситуација Интер сака да ја искористи и ќе му понуди на Меси да се пресели на Меаца следното лето.

Во тој случај Меси ќе пристигне како слободен играч, но Интер подготвиле неверојатна сума за него. Наводно, му понудиле опција да потпише четиригодишен договор вреден 260 милиони евра.

Така, Меси би бил далеку најплатениот играч на светот и би заработувал скоро двојно повеќе од Кристијано Роналдо во Јувентус. Сепак, да се убеди Меси да ја напушти Барса е нешто што до сега на никој не му успеало, но во Интер нема да се откажат така лесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…