Дома Фудбал Италија Елмас добива нов договор и сонува за гол против Барса

Елмас добива нов договор и сонува за гол против Барса

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас оваа сезона покажа одлични перформански и е незаменлив во тимот на Наполи.

Тренерот Гатузо му дава голема доверба, а Наполи сака на Елмас да ја гради иднината на тимот.

Поради тоа, италијанските медиуми пренесуваат дека македонскиот репрезентативец наскоро ќе потпише нов, долгорочен договор со италијанскиот клуб.

Наполи му понудил договор до 2025 година со подобрени финансиски услови, но засега не се откриваат детали од договорот.

Неговиот агент, Џорџо Гарди тврди дека Елмас е среќен во Наполи и сонува да и даде гол на Барселона.

„Обнова на договорот? Во наредните денови може да има некои новости. Имаме збор од клубот, со кого ќе се сретнеме многу наскоро. Сега е сконцентриран на настапите и сонува да постигне гол против Барса“, изјави агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул во трка за мексиканскиот талент Гилберто Мора

Агентот на Гилберто Мора одби да коментира за шпекулациите дека Ливерпул подготвува понуда…