Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Газета дело Спорт“ пред неколку даде изјава со која наводно ги налутил газдите на Милан.
Ибрахимовиќ во споменатото интервју изјави: Зборуваа дека во Америка сум отишол за да се пензионирам пополека, па се вратив во Милан. Тука сум од чиста страст и љубов бидејќи за Милан играм практично бесплатно“, изјави Златан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ил Журнале“ пишува дека со тоа жестоко го налутил семејството Сингер кои се сопственици на инвестициониот фонд „Елиот“.
„Длабоко сме вознемирени од тие зборови на Ибрахимовиќ“, порачале од газдите на Милан.
Јасно е и зошто се лутат. Ибрахимовиќ во јануари потпиша за Милан до крајот на сезоната со хорнорар од 3.5 милиони евра и потенцијален бонус од 500.000 евра. Освен тоа тука е и клазулата во неговоиот договор.
Имено, ако Ибрахимовиќ од актуелната сезона одигра 50% од натпреварите на Милан договорот автоматски ќе му се продолжи на уште една сезона во која ќе има загарантирано шест милиони евра во која може да добие и уште четири како бонус.
Овој услов Златан ќе го исполни бидејќи до сега од можни 20 одигра 15 натпревари, а до крајот на сезоната останаа уште пет. Во тие натпревари постигна шест голови и подели три асистенции.
Ибра игра одлично, но далеку од тоа дека за Милан игра бесплатно.