Италијанскиот гигант Милан потврди дека постигнал договор со компанијата на Џеј-Зи, „Рок Нејшн“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Росонерите“ ја опишаа оваа соработка како „уникатна“ и прва од ваков вид во фудбалот.
Милан веќе работеше со агенцијата за време на пандемијата, кога заедно организираа средба во живо „Од Милано со љубов“, која имаше за цел собирање на средства за медицинските работници.
„Ќе создадеме нови можности заедно кои ја поврзуваат богатата историја на клубот и потенцијалот на „Рок Нејшн“ да создава културни настани“, кратко коментираа од клубот.
Welcome to the Family ? #MilanNation @RocNation pic.twitter.com/Kjf699WU2B
— AC Milan (@acmilan) July 9, 2020