Златан Ибрахимовиќ во свој стил ја прокоментира победата на „росонерите“ против Јувентус од 4:2.
Милан победи со пресврт и тоа откако губеше со 0:2. Ибрахимовиќ по натпреварот порача дека ако порано дошол во Милан „росонерите“ сега ќе се бореле за Скудетото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако бев тука од почетокот на сезоната сега Милан ќе се бореше за Скудетото“, изјави Ибрахимовиќ, а потоа потврди дека ова се последни натпревари за него во дресот на „росонерите“.
„Дали ќе останам? Ќе видиме, има уште еден месец во кој сакам да се забавувам. Не знам кога последен пат фановите ме виделе во живо, но ова можат да бидат моите последни натпревари. Ако Сан Сиро беше полн вечерва ќе беше незаборавна вечер“, изјави 38-годишниот напаѓач.
Ibrahimovic says Juventus are lucky he wasn't around & that's why they're winning the Scudetto
— Italian Football TV (@IFTVofficial) July 7, 2020
"If I was here since the start of the season, AC Milan would've won the league for sure" pic.twitter.com/W05LNAjfVW