Дома Фудбал Италија Преговорите започнаа: Третиот најбогат човек во светот го купува Милан

Преговорите започнаа: Третиот најбогат човек во светот го купува Милан

Италијанскиот гигант Милан наскоро би можел да добие нов сопственик и тоа еден од најбогатите луѓе во светот.

Имено, според информациите на италијанските медиуми сопственикот на Луи Витон е во напредни преговори за да го купи Милан.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Бернард Арно пред само неколку месеци го помина Ворен Бафет на листата најбогати луѓе во светот и сега се наоѓа на третото место зад Џеф Безос и Бил Гејтс. Богатството на Арно се проценува на 94.6 милијарди долари.

Во овој момент Милан го води инвестициониот фонд „Елиот“ кој го превзема клубот откако сомнителниот Кинез не успеа да го врати долгот кон нив. За Милан очекувано владе голем интерес.

Според весникот „Република“ двете страни се во завршни преговори и клубот треба да премине во рацете на Арно за околу 1 милијарда евра.

Доколку Бернард Арно го купи Милан, новиот проект ќе започне со Ариедо Браида како спортски директор и враќање на Макс Алегри на тренерското солче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дејан Станковиќ се враќа на чело на Црвена Ѕвезда

Дејан Станковиќ ќе стане главен тренер на српска Црвена Ѕвезда во вториот дел од сезоната,…