Веќе е познато дека примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, поради финансиските загуби кои ги донесе пандемијата, Сослкјер се уште не знае колку буџет ќе добие за летни засилувања.
Поради тоа Солскјер е подготвен да „жртвува“ дел од своите фудбалери за да го финансира трансферот на Санчо.
Солскјер е подготвен да ги продаде Џеси Лингард и Алексис Санчез, кој заработува 400.000 фунти неделно.
Исто така, со оглед на тоа дека со нивната продажба нема да се соберат доволно пари, Солскјер е подготвен да жртвува и двајца стопери, односно Фил Џонс и Крис Смолинг.