Иднината на Давид Алаба во Баерн Минхен е несигурна бидејќи договорот на играчот ситекува во 2021 година.
Алаба влезе во последната година од договорот, а се уште нема најави за негово продолжување, па би можел да ја промени средината ова лето.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Баерн не сака да го загуби 27-годишниот Австриец како слободен агент, па затоа сака да го продаде ова лето.
Интерес за Алаба покажуваа Реал Мадрид и Барселона, но германските медиуми тврдат дека сега во трката за неговиот потпис се приклучил и Јувентус.
Интересот на „бјанконерите“ е најконкретен и тие веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а со оглед дека имаат одлични односи со Баерн се очекува брзо да стигнат до договор.
Сари го сака Алаба бидејќи е пооливалентен и може да игра на повеќе позиции во тимот.