Дома Трансфер зона Сити и Јунајтед се „тепаат“ за дефанзивецот на Лајпциг

Сити и Јунајтед се „тепаат“ за дефанзивецот на Лајпциг

Лајпциг игра фантастична сезона, но на лето веројатно ќе остане без неколку ѕвезди. Најсилен интерес европските гиганти покажуваат кон Дајот Упамекано и на лето се очекува голема борба за неговиот потпис.

Овој 21-годишен дефанзивец важи за еден од најперспективните во Европа и интересот за него е огромен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат клубовите од Манчестер, кои нема да жалаат пари за потписот на Упамекано.

Германските медиуми тврдат дека младиот Французин веќе побарал трансфер и сака на лето да ја промени средината.

Неговиот договор истекува во 2021 година, па ова лето е последна шанса Лајпциг да заработи на неговото заминување, а за неговата слобода бараат помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …