Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а може да ја продолжи кариерата во големиот ривал Јувентус, пренесува „Тутоспорт“.
Милик ова лето влегува во послесната година од договорот, па Наполи ќе мора да го продаде, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на „бјанконерите“ Маурицио Сари одлично го познава Милик и смета дека одлично би се вклопил во триото со Роналдо и Дибала во нападот.
Наполи не сака да го продаде напаѓачот на директен ривал, но италијанските медиуми тврдат дека Милик веќе се договорил со Јувентус.
Оваа сезона Милик одигра 16 меча за Наполи на кои постигна 9 гола во Серија А, а Наполи за неговиот потпис бара помеѓу 30 и 40 милиони евра.
Јувентус е спремен да ја плати оваа сума бидејќи смета дека полскиот напаѓач ќе биде идеален наследник на Игуаин, кој е на излезна врата.