Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар може да се надева: ФФМ не донела одлука да нема шампион!

Вардар може да се надева: ФФМ не донела одлука да нема шампион!

Во Македонија голема прашина се крена после информацијата која се појави дека Вардар нема да биде прогласен за шампион по прекинот на првенството и покрај големата предност на табелата.

Генералниот секретар на ФФМ Игор Поповски во интервју за МТВ потенцираше дека таква одлука ФФМ нема донесено.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“ФФМ до овој момент нема донесено одлука дали фудбалското првенство на Македонија ќе има шампион за сезоната 2019/2020. Не знам од каде информациите за некаков конечен став. За ова допрва ќе решава надлежното тело, а 30 јуни е рокот во кој ФФМ може да ја испрати во УЕФА листата учесници во еврокуповите.”изјави генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски во интервјуто за МТВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…