Баерн во својата историја имал голем број одлични напаѓачи, но сигурно дека еден од по омилените на навивачите е Џовани Елбер.
Елбер во Баерн пристигна летото 1997 година и во овој клуб помина шест години. Со Баерн успеа да освои се што можеше да се освои, а потоа направи трансфер во Лион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот бразилски напаѓач кариерата ја заврши во 2006 година играјќи за Крузеиро и од тогаш не се појавува многу во јавност. Елбер денес има 47 години и живее во Бразил. Животот го посвети на работи кои не се многу поврзани со фудбалот.
По објавувањето крај на кариерата тој се посвети на неговиот ранч во близина на Сао Паоло.
Фармата на Елбер има повеќе од 10.000 хектари и ја купи уште додека играше во Баерн. Во овој момент поседува повеќе од 4.500 животни, а екпедиција на Баерн неодамна го посети во Бразил и откри како одлучил по фудбалот да се насочи кон нешто сосема спротивно.
„Купив ранч во 1999 година, а подоцна и соседните фарми во Сан Хозе и Параисо. Имам околу 10.000 хектари земја и повеќе од 4.500 животни. Еднаш татко ми ми кажа да купам ранч и да започнам свој бизнис бидејќи се плашеше дека нема да успеам во Еврпа. Тој се плаши од авиони, додека играв надвор од Бразил никогаш не ме посетуваше. За жал почина во 2006 година кога се пензионирав. Дојде на ранчот два пати и забележав дека му се допадна мојот потег“, изјави Елбер.