Дома Фудбал Италија Таљавенто призна: Најголема грешка во кариерата ми беше голот на Мунтари (ВИДЕО)

Таљавенто призна: Најголема грешка во кариерата ми беше голот на Мунтари (ВИДЕО)

Поранешниот италијански судија Паоло Таљавенто се потсети на неговата најголема грешка во кариерата.

Таљавенто за грешка на кариерата ја избра ситуацијата во која не го призна голот на Сали Мунтари во натпреварот помеѓу Милан и Јувентус. Тоа беше натпревар на водечките екипи на табелата и важен во борбата за Скудетото. Натпреварот се одигра во февруари 2012 година.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Мунтари шутираше со глава од непосредна близина, а Буфон ја извади топпката од зад гол-линијата. Ако Таљавенто го признаеше голот ќе беше 2:0 за Милан, но остана 1:0. Јувентус во продолжение изедначи и освои бод.

„Најголемата грешка во мојата кариера на која понекогаш мислам и денес е голот на Мунтари. Денес со ВАР таа ситуација одма би се решила. Признавам дека направив огромна грешка. Тогаш немаше ниту ВАР, а ги немаше ниту дополнителните судии. Дали топката ја минала гол-линијата со цел обеме проценка правеше линскиот судија. Тој ме убеди дека немало гол, јас од мојата позиција не можев да видам најдобро и морав да му верувам“.

Тој на почетокот не верувал многу во ВАР, меѓутоа кога почнал да се користи го променил мислењето.

„Во мојата последна сезона ВАР за првпат се користеше. Не верував многу во тегнологијата, сепак кога го видов системот на дело сфатив дека е добра работа за фудбалот“, призна Таљавенто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инзаги тренер на сезоната во Серија А

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е прогласен за најдобар тренер во Серија А за оваа сезона…