Играчите на Лацио не прифаќаат намалување на платите од март до јуни поради пандемијата со коронавирусот, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ги контактирал играчите за да ги замоли да се оди на намалување на платите за март и април. Покрај тоа, клубот сака да преземе вакви мерки во мај и јуни, доколку Серија А не продолжи.
„Фудбал Италија“ пренесува дека играчите не биле задоволни кога дознале за оваа идеја, и реагирале негативно на предлогот на Лотито.
Лацио е втор на табелата во Серија А со само еден бод заостанување зад лидерот Јувентус и е еден од најгласните клубови кои апелира за продолжување на сезоната.