Дома Фудбал Луис Суарез го нападна Артур: Не направи ништо, а како да е Пеле

Луис Суарез го нападна Артур: Не направи ништо, а како да е Пеле

Бразилскиот плејмејкер Артур Мело пристигна во Барселона во 2018 година како големо засилување, но Каталонците сакаат да се ослободат од него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона сака да го искористи Артур како дел од трампата со Миралем Пјаниќ, но Бразилецот не сака да си замине од „Камп Ноу“.

Некогашниот легендарен играч на Барселона и Интер, Луис Суарез Мирамонтес тврди дека Артур е преценет, а се однесува како да е Пеле.

„Артур не направи ништо. Од него се очекуваше да биде играч кој ќе прави разлика. Кога зборуваат за продажбата на Артур како да зборуваат за Пеле. Не знам како тоа во Италија не го гледаат. Немам ништо против него, но тој кога ќе постигне гол слави како да постигнал 18. Мислам дека играчите кои доаѓаат од Бразил се преценети“, смета Луис Суарез.

Артур до сега за Барселона одигра 57 меча, а за неговиот потпис заинтересирани се неколку европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…