Мајкл Овен своевремно важеше за најголем англиски талент и со таков епитет во 2004 година направи трансфер од Ливерпул во Реал Мадрид, но од тој момент повеќе не беше истиот играч.
Во Ливерпул играше фантастичен фудбал и постигна 120 голови, во Реал не се снајде, потоа се врати на Островот меѓутоа никогаш не играше како во Ливерпул. Како голем напаѓач кој имал искуство од играње во Премиер лигата сега тој ги избра најдобрите напаѓачи кои играле во најсилната лига во Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него Анри и Ширер се над сите, меѓутоа го даде и Суарез и тоа се неговите топ 3.
„За мене Алан Ширер и Тиери Анри се најдобрите напаѓачи кои играле во Премиер лигата. Имаа неверојатен квалитет уживав додека ги гледав. Тука ќе го додадам и Суарез кој во Ливерпул играше на највисоко ниво. Тоа ќе бидат моите топ 3“, изјави Овен за „Би-Би-Си“.