Додека УЕФА се мачи да најде начин како да ги заврши националните првенства, како и ЛЕ и ЛШ, ФИФА размислува за распоредување на репрезентативниот календар. Сега се споменува сценарио во кое и Македонија би играла осум натпревари во еден месец.
Пандемијата од коронавирусот ги одложи бараж натпреварите за ЕП во Лигата на Нации кои Македонија требаше да ги игра против Косово. Натпреварот со Косово беше закажан за во март, па се одложи за јуни, меѓутоа подоцна се покажа дека нема шанси за играње ниту во вториот термин. Причината е затоа што тогаш се очекува да продолжат националните првенства.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега, планот на ФИФА е сите откажани натпревари да се играат во еден месец. Во такво сценарио Македонија би одиграла најмалку седум, а најмногу осум натпревари во еден месец, терминот би бил ноември – декември.
Меѓутоа не е јасно како УЕФА би реагирала на овој план. Токму тој период изгледа како добар период за играчите да се одморат од згуснатиот распоред кој ќе се направи, а ако овој план се реализира тогаш нема да има одмор, туку фудбалерите би биле со репрезентациите.
Она што нас најмногу не интересира е распоредот на Македонија. Така ние во тој период би го играле двомечот со Косово, па ако излеземе како победници финалниот натпревар кој би ни донел виза за ЕП со победа (против Белорусија или Грузија), а потоа би следувале шест натпревари од новата сезона во Лигата на Нации, по три дома и на гости со Ерменија, Естонија и Грузија.
Никогаш претходно не се случило во еден месец (ако не е Европско или Светско првенство) да се играат волку репрезентативни натпревари, дали е можно останува да видиме.