Вториот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Лион и Јувентус би требало да се одигра на 8. август, пишува „РМЦ Спорт“ кој го најавува почетокот на натпреварувањето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
УЕФА бара начин натпреварувањата да се продолжат, а очекувањата се Лигата на шампионите да продолжи после националните првенства, односно во август и истиот месец да се заврши.
Засега не е познато во каков формат ќе биде Лигата на шампионите, меѓутоа се најавува дека средбата помеѓу Јувентус и Лион би можела да биде прва на програмата.
Јувентус во првиот натпревар беше поразен и би требало вториот натпревар да го игра на домашен терен работите се одвиваат според планираното.