Дома Фудбал Останато „Ибрахимовиќ ми кажа дека во ПСЖ го мразел Кавани“

„Ибрахимовиќ ми кажа дека во ПСЖ го мразел Кавани“

Златан Ибрахимовиќ низ кариерата предизвикуваше контроверзии каде и да одеше.

Исклучок беше Барселона каде што беше во сенка на Лионел Меси, но и останатите ѕвезди. Ибрахимовиќ во останатите клубови се чувствуваше како шеф и соиграчите не се прашуваа многу покрај него.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сега поранешниот соиграч на Ибра од ЛА Галакси, Мајкл Каини тврди дека Златан го мразел Едисон Кавани додека бил во ПСЖ.

„Го прашав за односот со соиграчите и тренерите во ПСЖ кога дојде во Галакси. Ми кажа дека освен со Кавани со другите се било во ред. Тој мразел тројца или четворица играчи во кариерата и Кавани е еден од нив. Секој кој во ПСЖ бил близок со Кавани автоматски застанувал и против Златан“, раскажа Каини.

Ибра и Кавани соблекувалната ја делеа од 2012 до 2016 година. Уругваецот и понатаму е член на ПСЖ додека Ибрахимовиќ во овој момент е под договор со Милан после двете години поминати во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим во акција: Манчестер јунајтед нуди 43 милиони фунти за нов плејмејкер

Со текот на годините, Манчестер Јунајтед се потпираше на Бруно Фернандеш за креативност во…