Дома Фудбал Италија Маркизио: Му реков на Погба дека погреши со трансферот во Јунајтед

Маркизио: Му реков на Погба дека погреши со трансферот во Јунајтед

Легендата на Јувентус, Клаудио Маркизио откри дека му кажал на својот поранешен соиграч Пол Погба пред една година дека донел погрешна одлука да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погба во 2016 година ја напушти „старата дама“ и тогаш за рекордни 105 милиони евра се врати на „Олд Трафорд“.

„Минатата година го сретнав на приватна манифестација и му кажав дека донесе погрешна одлука да замине во Јунајтед и дека требаше да остане во Јувентус“, откри Маркизио.

„Сега работите се сменија малку, средниот ред на Јуве е различен, но се надевам дека ќе се врати, бидејќи тоа ќе биде добро за обете страни. Тој веќе ја познава Серија А и ќе ја крене класата во тимот, кој е веќе одличен“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инцидент на Мундијалот: Скандал и тепачка во тимот, драма и на тренингот!

Атмосферата во репрезентацијата на Панама целосно ескалираше пред последниот натпревар од …