Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез има голема желба да се пресели во Барселона, иако јавно не го изјавува тоа, пишува „АС“.
Весникот цитираше неколку блиски пријатело на Лаутаро, според кои неговата желба за трансфер во Барселона се родила после разговорот со ѕвездата на Каталонците, Лионел Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајцата имале долг разговор во кој Меси го убедувал Лаутаро да се пресели во Барселона и дека нивното партнерство во нападот ќе биде добро и за Аргентина.
Од дебито на Лаутаро за репрезентацијата тој има одличен однос со Меси како на теренот, така и надвор од него, па двајцата мечтаат да играат заедно на „Камп Ноу“.
22-годишниот Аргентинец знае дека преговорите нема да одат лесно, но не сака да го форсира трансферот поради почит кон Интер, па изгледа дека Барселона ќе мора да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра.
? — Lionel Messi called Lautaro Martinez in March. Sources close to Lautaro confirmed that the conversation between him and Messi made Lautaro take the decision to come to Barça. It was an emotional talk, where both spoke about Barça and Argentina. [as] pic.twitter.com/PfH6SCSgJc
— Barça Universal (@BarcaUniversal) April 27, 2020