Дома Фудбал Италија Официјално: Владата во Италија донесе одлука – еве кога започнуваат тренинзите!

Официјално: Владата во Италија донесе одлука – еве кога започнуваат тренинзите!

Oд Италија ни пристигнуваат добри вести.

Владата на оваа земја вечерва одлучи да намали мерките кои се донесени поради пандемијата од коронавирусот и веќе од 4. мај играчите на италијанските клубови ќе можат самостојно да тренираат.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Враќањето на групните тренинзи ќе биде на 18. мај и тоа секако е одлична вест за фудбалот на Апенините.

„Сите покажавте храброст и одговорност. Новата фаза на животот со вирусот започнува, но мораме секогаш да бидеме внимателни. Сега најважно е да се држиме на социјална дистанца, најмалку на еден метар. Ако не ја држиме дистанцата работите можат да се вложат. Ако ја сакате оваа земја почитувајте ги правилата. Спортистите ќе можат да тренираат од 4. мај. Секако, тие ќе мораат да ги почитуваат мерките на социјална дистанца. Потоа ќе донесеме нови мерки кој ќе стартуваат од 18 мај“, изјави премиерот Џузепе Конте.

Така фудбалерите ќе можат да тренираат од 4. Мај како и што се очекуваше. Две недели подоцна ќе започнат групните тренинзи, а првите натпревари би требало се одиграат кон крајот на месецот во Купот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…