Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ: Имам договор со Милан, ќе видиме што ќе се случи

Ибрахимовиќ: Имам договор со Милан, ќе видиме што ќе се случи

Златан Ибрахимовиќ даде опширно интервју за шведските медиуми и потврди дека не размислува за пензија и сака да продолжи да игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибрахимовиќ е под договор со Милан до крајот на сезоната, а потоа не се знае дали ќе продолжи со „росонерите“.

„Имам договор со Милан и ќе видиме како ќе се заврши сезоната и кога ќе се заврши. Треба да се вратам во Италија и да го испочитувам договорот. Јас сум професионалец и ги почитувам преговорите“, истакна Ибрахимовиќ.

„Сакам да играм додека е возможно, но никогаш не се знае што ќе се случи. Јас сум човек кој сака да биде на високо ниво и да допринесувам на теренот и надвор од него. Кога ќе се заврши сезоната ќе одлучам дали и каде ќе ја продолжам кариерата“, додаде Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…