Дома Фудбал Италија Лукаку откри нешто што не требаше, Интер побара да се извини

Лукаку откри нешто што не требаше, Интер побара да се извини

Ромелу Лукаку беше приморан да испрати извинување после изјавата дека 23 од 25 играчи на Интер биле болни кон крајот на јануари.

Лукаку во разговор во живо преку Инстаграм со белгиска телевизија изнесе некои неверојатни информации.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имавме слбоодна недела во декември и кога се вративме се колнам дека 23 од 25 играчи беа болни. Не се шегувам. Игравме против Каљари и после 25 минути еден од нашите дефанзивци мораше да го напушти натпреварот. Не можеше да продолжи бидејќи скоро и да се онесвести“, раскажа Лукаку.

Откако оваа изјава стигна до миланскиот клуб побараа од Белгиеците јавно да се извини. Лукаку тоа го направи, а клубот го прифати неговото извинување.

Иако ги прекрши клупските правила стрелецот на 23 гола на 35 натпревари пред прекинот на сезоната нема да биде санкциониран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…