Даглас Коста моментално се наоѓа во Бразил каде во друштво на својата сопруга чека зелено светло да се врати во Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Коста се најде во група на неколку фудбалери на Јувентус кои пред неколку недели го напуштија Торино и се вратија кај своите семејства.
„Се надевам дека многу брзо ќе се вратам во Италија, едвај чекам да се вратам, бидејќи веќе не знам што да работам овде.“ – изјави Коста во разговор со навивачите на Инстаграм.
Навивачите на Старата дама ги интересираше кој е најдобар играч на Јувентус според Даглас Коста. Бразилецот се одлучи за Пауло Дибала.
„Најдобриот играч со кој играм е Дибала, со кој сум и многу добар пријател. Тука е и Кристијано Роналдо, но “леваците“ подобро се разбираме“ – рече Коста.
Инаку, 29-годишниот играч оваа сезона не се изнаигра многу поради проблеми со повредите.