Дома Фудбал Италија Јоветиќ: Го одбив Јувентус затоа што не сакав да испаднам лош човек

Јоветиќ: Го одбив Јувентус затоа што не сакав да испаднам лош човек

Јувентус сигурно е еден од најголемите клубови, а Црногорецот Стеван Јоветиќ откри дека имал можност да потпише за „старата дама“.

Јоветиќ со одличните настапи своевремно во дресот на Фиорентина го привлече вниманието на „бјанконерите“ кои се обидуваа да го доведат во Торино. Офанзивецот чија кариера ја обележија многу повреди призна дека неколку пати го одбил Јувентус затоа што не сакал да испадне лош човек.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


„Кога заминував се чувствував лошо бидејќи некои пишуваа дека одам во Јувентус. Го познавам минатото на Фиорентина, неколку пати го одбив Јувентус. Не сакав да бидам лош човек во нивните очи“, изјави Јоветиќ кој во 2013 година во трансфер од 28 милиони евра се пресели во Манчестер Сити.

Во овој момент Јоветиќ е член на Монако, а во меѓувреме играше уште за Интер и Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сагата продолжува: Мбапе спреми тужба за ПСЖ

Килијан Мбапе ова лето како слободен агент го напушти ПСЖ, но очигледно се уште има нерасч…