Дома Трансфер зона Интер си избра двајца играчи на Барса во замена за Лаутаро

Интер си избра двајца играчи на Барса во замена за Лаутаро

Раководството на Барселона нема намера да ја активира откупната клаузула на Лаутаро Мартинез, па би межело да дојде до трампа со Интер.

22-годишниот Аргентинец е приоритет на Каталонците за засилување на нападот ова лето, но Интер не сака да слушне за продажба и бара за биде платена откупната клаузула. Меѓутоа, поради финансиските загуби и промените на трансфер пазарот Барселона смета дека таа сума во моментов е превисока.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона ќе се обиде да го донесе Лаутаро така што во понудата да вклучи свои играчи кои би можеле да се преселат во Интер.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер им „фрлил око“ на двајца фудбалери на Барселона, а станува збор за десниот бек Нелсон Семедо и играчот за врска Карлес Алења.

Алења важи за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, па во јануари беше испратен на позајмица во Бетис.

Сепак, интер покрај овие двајца фудбалери ќе бара и парична доплата од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…