Дома Трансфер зона Во Англија веќе фантазираат: Можно ли е вака да изгледа новиот Њукасл? (ФОТО)

Во Англија веќе фантазираат: Можно ли е вака да изгледа новиот Њукасл? (ФОТО)

Њукасл наскоро ќе започне да гради тим со кој ќе го нападне врвот во Премиер лигата, принцот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман доаѓа на чело на англискиот клуб, а со него доаѓаат и големите очекувања.

Клубот ќе го купи за 343 милиони евра и ќе вложи најмалку 250 милиони евра. Во овој момент тимот го води Стив Брус и примарна цел сезонава ќе биде да се одржат во Премиер лигата, а потоа да се тргне во изградба на шампионски тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Планирано е да се оди чекор по чекор, па така за наредната се најавува борба за место во Лигата на шампионите, а во тој предизвик би можел да ги поведе поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Англичаните веќе почнаа да фантазираат.

Медиумите на Островот очекувано започнаа да го сложуваат новиот тим, а дури во него го ставија ни помалку, ни повеќе – Килијан Мбапе!  Во корист на Њукасл би можела да оди тешката економска ситуација и падот на цените на играчите. Салман нема проблеми со пари. Меѓутоа ПСЖ и да се согласи да го продаде англискиот тим ќе има конкуренција од Реал Мадрид.

Втората голема инвестиција наводно би можел да биде Муса Дембеле. Овој 23 годишен фудбалер според „Трансфермаркт“ има вредност од 40 милиони евра и тоа за принцот е ситница. Доведувањето на Дембеле изгледа многу пореално од она на Мбапе.

Во одбраната би можел да пристигне Жером Боатенг кој долго време сака да го напушти Баерн. Светскиот шампион од 2014 бара нов предизвик, а проектот на Њукасл би можел да го привлече неговото внимание. На бековските позиции Англичаните шпекулираат за Дени Роуз и Кајл Вокер. Мурињо Роуз не го сака и тој е лесна мета, додека Вокер кој е првотимец во Сити изгледа недостижно. Но, тука Њукасл може да се надева дека Пеп Гвардиола нема да има повеќе трпение за неговиот проблематичен карактер.

21 годишниот играч за врска на Лил, Бубакари Соумаре исто така е на мета на Њукасл. Тој вреди 24.5 милиони евра и се смета за голем талент, посебно поради физичката моќ со која без проблем би се прилагодил на потребите во Премиер лигата.

Остатокот од првите 11 би бил составен од играчи кои се веќе во клубот. На голот е искусниот Словак, Мартин Дубравка, вториот стопер и капитен Џамал Ласкелс, талентираниот Англичанец Сен Лонгстаф во средината, Парагваецот Алмирон и Французинот Сент-Максимин.

Ќе потсетиме, Њукасл последен пат во Лигата на шампионите играше во 2003 година. Тоа сега е минато и навивачите веруваат во нови убави денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…