Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро откри дека еден ден сонува да го води Наполи.
По завршувањето на својата богата играчка кариера Канаваро започна со тренерската. После епизодите во Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, денес со успех го води Гуангжу Евергранде со кој претходната сезона ја освои титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сето тоа денеска му дава на Канаваро надеж дека може да работи во Серија А, а ако може да бира, сака да го предводи Наполи, во кој клуб помина три сезони.
„Тренерската кариера ја започнав пред пет години и од тогаш сонувам дека еден ден ќе водам голем клуб. Наполи е еден од нив.“ – изјави Канаваро за Спорт Медијасет и додаде:
„Имав среќа во кариерата да соработувам со најдобрите тренери и се надевам дека од секој научив по нешто. Желба ми е да работам во Наполи. Како дете сонував да станам симбол на клубот.“
Во Наполи денеска тренер е неговиот пријател Џенаро Гатусо.
„Милан погреши што го отпушти, не го разбраа. Рино е одличен тренер.“ – смета Канаваро.