Дома Фудбал Италија Џиџи Буфон останува во Јуве до 2021. година

Џиџи Буфон останува во Јуве до 2021. година

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон кој има 42 години се согласи да го продолжи договорот со клубот, пренесува Тутоспорт.

Тековниот договор помеѓу Буфон и Бјанконерите имаше важност до 30 јуни 2020 година. Според истиот извор, претседателот на Јувентус Андреа Ањели се договорил со Буфон да го продолжи договорот до 2021 година под истите услови.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Договорот ќе биде официјално обновен кога ќе стане можно тоа односно по нормализирање на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.

Оваа сезона Буфон одигра 11 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, во кои прими 9 гола, а на три средби не прими гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Родриго добил понуда сам да пише колку пари сака, но со неговиот потег ги остави сите без зборови

Бразилскиот фудбалер Родриго доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Ал-Наср му понуд…