Дома Фудбал Италија Асприља: Ако Кулушевски вреди 44 милиони, јас вредам 300 милиони

Асприља: Ако Кулушевски вреди 44 милиони, јас вредам 300 милиони

Легендарниот колумбиски фудбалер и член на „златната генерација“ на Парма, Фаустино Асприља даде свое мислење за трансферот на Дејан Кулушевски во Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот фудбалер со македонско потекло оваа сезона блесна во дресот на Парма и Јувентус во јануари плати 44 милиони евра за неговиот потпис.

Асприља смета дека тоа е премногу висока сума за млад фудбалер и направо споредба со него.

Кулушевски е голем талент, но со оглед на сумите кои веќе се плаќаат во фудбалот, не сум изненаден од неговата цена. Ако Кулушевски вреди 44 милиони евра, јас вредам 300 милиони евра“, изјави Асприља, кој потоа даде коментар за неговиот сонародник Дуван Запата.

„Тој наполни 29 години и се наоѓа во најдобра форма во неговата кариера. Со цела почит кон клубот, мислам дека Аталанта не може повеќе од трето или четврто место. Ако сака да освои нешто во животот, мора да размислува на промена на тимот“, смета Колумбиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски добива големо богатство од Саудиска Арабија

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната откако двете страни не ус…