Дома Фудбал Италија Легендарниот Јап Стам предвидува: Лацио може да го освои Скудето

Легендарниот Јап Стам предвидува: Лацио може да го освои Скудето

Славниот холандски фудбалер Јап Стам предвидува дека неговиот поранешен клуб Лацио може да го освои Скудето оваа сезона.

Стам во дресот на Лацио играше во периодот од 2001. до 2004. година и во тоа време го освои Купот на Италија. Две сезони пред да стигне тој во клубот римската екипа ја освои последната титула во Серија А. Стам смета дека ова може да се повтори оваа година.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Мене лично не ме изненадува што Лацио игра така добро. Работат многу напорно неколку години и можат да го освојат Скудето оваа сезона.“ – изјави Стам и го пофали тренерот Симоне Инзаги.

„Инзаги ме импресионира. Сите играа одлично под негова палка, на секоја позиција. Тој е тактичар со одличен карактер. Ако на тимот му оди добро, тоа е благодарение на него.“

Инаку, Лацио моментално е само бод зад Јувентус во Серија А на 12 кола пред крајот на шампионатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо до новинарите: Ве молам, оставете го Јамал на мир

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (40) ja водеше Португалија до триумфот во Лигата на нации. Искусниот иг…