Не е тајна дека примарна трансфер цел на Барселона ова лето ќе биде ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез.
Каталонците веќе подолго време работат на трансферот и се спремни да ја платат откупната клаузула од 111 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа, „нероаѕурите“ денес твргнаа во контраофанзива и за возврат го бараат Антоан Гризман, тврди „Газета дело Спорт“.
Двајцата фудбалери имаат приближна вредност, бидејќи Гризман пристигна во Барса минатото лето за 120 милиони евра, а Каталонците се спремни да го продадат за таа сума.
Барселона би можела да ја прифати оваа трампа, но Интер ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Французинот се заинтересирани други европски гиганти кои се спремни да му понудат многу повисока плата.