Дома Фудбал Останато Потег на вистински капитен: Роналдо им помогнал на аматерите во Португалија! (ВИДЕО)

Потег на вистински капитен: Роналдо им помогнал на аматерите во Португалија! (ВИДЕО)

Португалецот, Кристиано Роналдо продолжува да помага.

Роналдо е еден од најголемите хуманитарци. Во екот на пандемијата од коронавирусот фудбалот застана, големите и богатите клубови ќе преживеат, но оние аматерските клубови може да се соочат со проблеми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бернардо Силва во интервју за „Bleacher report“ ја сподели идејата на својот капитен од репрезентацијата на Португалија.

„Тој е мирен кога во прашање е групата на „Ватс Ап“. Всушност пред два три дена предложи да го донираме својот бонус. Се квалификувавме на ЕУРО 2020 кое ќе се одржи во 2021 година. Ни даде идеја да го донираме бонусот кој го добивме поради квалификувањето“, изјави Бернардо Силва.

Подоцна е објаснето дека тој бонус ќе им припадне на аматерските фудбалски лиги во Португалија кои се жестоко погодени од кризата која се настана поради пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал: Уапсен претседател на македонски фудбалски клуб – шверцувал злато од 300.000 евра?!

Турските медиуми деновиве пренесуваат за сериозен скандал во кој, според нивните информаци…