Дома Фудбал Италија Дибала со Дел Пиеро зборуваше за неговиот најдобар гол: Пјаниќ ми кажуваше да шутирам поинаку (ВИДЕО)

Дибала со Дел Пиеро зборуваше за неговиот најдобар гол: Пјаниќ ми кажуваше да шутирам поинаку (ВИДЕО)

Паоло Дибала веќе подолго време е помеѓу најдобрите светски фудбалери, Дибала во Торино пристигна во 2015 година и прерасна во миленик на навивачите.

Одличниот Аргентинец во дресот на Јувентус одигра повеќе маестрални натпревари и постигна убави голови. За најубав самиот тој си го избра оној против Атлетико Мадрид кога од тешка позиција го матираше Јан Облак.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дибала се дружеше со Дел Пиеро на Инстаграм и објасни зошто токму тој гол за него е најубав.

„До крајот на првото полувреме остана уште минута, за кратко време морав да донесам одлука. Зборував со Пјаниќ кој ме советуваше да шутирам ниско, но јас одлучив да шутирам високо и ударот да биде силен. Облак тоа не го очекуваше“, раскажа Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…