Дома Фудбал Италија Продолжен карантинот во Италија: Еве што значи тоа за Серија А

Продолжен карантинот во Италија: Еве што значи тоа за Серија А

Италијанците вчера соопштија дека карантинот во целата држава ќе го продолжат до 3. мај што значи дека Серија А нема да продолжи како што се планираше во прв момент.

Постоеа најави дека клубовите на Апенините ќе започнат со тренинзи кон крајот на овој месец и дека лигата ќе продолжи во средината на мај, сега е јасно дека нема ништо од тоа затоа што карантинот во целата земја е продолжен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Италијанските медиуми веќе пишуваат кога би можел да продолжи спортот во оваа земја, а во центарот на вниманието е Серија А. Ла „Република“ пишува дека клубовите ќе започнат да тренираат кога карантинот ќе заврши, односно од 4. мај.

Планирано е екипите најмалку две недели да тренираат за да ја вратат формата пред продолжување од сезоната. Според тоа новиот датум кога најрано може да очекуваме продолжување е 31. мај.

Ако започне тогаш сезоната би завршила најдоцна до 3. август. Исто така ова сигурно ќе влијае и на распоредот за наредната сезона која би требало да започне во септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го победи Билбао, но збеснаа поради – судењето!

Реал Мадрид го совлада Атлетик Билбао со 1:0 буквално во последната секунда, со фантастичн…